СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА НАС

Нашата компанија има 20 годишно искуство во градба на семејни ЕКО куќи и брвнари. Компанијата се наоѓа во Скопје, Р.Македониjа и се простира на површина од 8500м2. Во склопот на компанијата покрај административниот и магацинскиот простор има и производствена хала сушарница,комора за фарбање и премачкување на дрвените елементи, браварска работилница и др. Нашата компанија располага со стручен кадар од архитект, градежен инжинер, инжинер за внатрешен дизајн, за вршење на дејност проектирање и изведба на семејни куќи, спортски сали, индустриски објекти, угостителски објкти и згради до 3 спрата. Референтната листа на нашата компанија располага и со голем број на виско стручно обучени работници во оваа област.

Нашиот стручен кадар ги поседува сите лиценци за проектирање, надзор, урбанистичко уредување, ревизија и изведба. Нашата компанија е исклучително голема. Имаме изградено преку 1000 објекти во Р.Македонија, Грција, Косово, Србја, Црна Гора, Турција. Производствената програма на компанијата е голема. Изработуваме: семејни ЕКО куќи типски и по ваш проект, брвнари, сите видови настрешници, летниковци, шанкови, детски игралишта, ресторани, кафетерии, летни тераси, куќичи за домашни миленичиња и др. За нашите производи компанијата дава гаранција за квалитет во зависност од типот на објектот.

НАШИ УСЛУГИ

ЕКО КУЌИ

Живеење во ЕКО средина
Ниско енергетски
Сеизмички најиздржливи

БРВНАРИ

Природен и еколошки
Совршен склоп со природата
Незаборавно чувство

НАСТРЕШНИЦИ

Висококвалитетни материјали
Долготрајни
Изведба према наши и ваши изведби

ВАШИ ОБВРСКИ

  • Плац
  • Фундамент
  • Одвод и довод до фундаментот

НАШИ ОБВРСКИ

  • Систем клуч на рака
  • Изработка завршно со плочки, лакирање, столарија, електрика, водовод...
  • Кај куќи поголеми од 100м2 ние ви ги опремуваме санитариите