Населбата HOT-HOT CITY е прва од низата населби што ќе се градат во
иднина. Населбата се простира на површина од 17 000 м2 и како целина е
оградена.
HOT-HOT CITY е лоцирана на 700 м од скопската обиколница и е со асфалтен
пат дирекно поврзана со клучка. Овој тип на домување е широко
распространет во Америка и во некои останати земји и истиот обезбедува
безбедност, интимност и ексклузивност во домувањето. Секој купец на
објект во HOT-HOT CITY добива сопствен имотен лист. Пред подпишувањето
на договорот неопходно е да се потпише нотарски акт со кодексот на
однесување.
Самата населба инфраструктурно е целина за себе и нејзините содржини
обезбедуваат еден ексклузивен конфорен и безбеден живот.Во склопот на
компанијата ХОТ-ХОТ која ќе ја менаџира оваа и сите останати населби ќе
постојат служби за хортикултурно одржување на дворовите, слузба за
одржување на базените, хаус-мајсторска служба. Користењето на овие
служби ќе биде по желба на купувачите.
Обезбедувањето на наелбата заедно со мониторингот ќе биде извршувано од
професионални обезбедувачи 24h на ден и тоа ќе биде задолжителен месечен
надоместок на секој сопственик во HOT-HOT CITY.
Влезот и излезот за сопствениците во HOT-HOT CITY ќе биде со посебни чип
картици, а посетителите ке можат да влезат со претходно одобрување од
сопственикот.