Високиот квалитет на ХОТ-ХОТ е резултат на повекегодишната традиција во
изработка на дрвени куќи. Животот и одморот во ХОТ-ХОТ куќите направен
од трупци е во совршен склоп со природата.Заборавете на нервозниот и
стресен живот, вратете се во природен мирен и здрав живот и уживајте во
убавините на природата. ХОТ-ХОТ куќите кој што се направени исклучиво од
дрво со кружен или полукружен пресек нудат удобен животен простор и
природно зрачење во најголема мера.Квалитетот на ХОТ-ХОТ куќите е висок
како по обликот и разноликоста на аритектонските форми така и по важните
својства на дрвото како градежен материјал. Правилната обработка на
дрвото како жив матреијал истражувањата, технолошкиот развој и
долгогодишното искуство гарантира високи квалитети и тоа дека ХОТ-ХОТ се
наоѓа на водечките места во Македонија и пошироко. ХОТ-ХОТ куќите се
прилагодуват на индивидуално живеење на сите жители без ограничување, од
планирање до изградба по ваш вкус и начин на живот.За разлика од
останатие гардежни материјали дрвото дише,што значи дека дрвото е
дифузно и пропусно во двата смера.
Ѕидовите од дрва секогаш ја регулираат влажноста во просторијата со
впивање на влага и на нејзино повторно испуштање кога надворешните
температури ќе се променат . Дрвото може да издржи повеќе од 100 години
на различни временски промени. Дрвените конструкции се поотпорни и
пофлексибилни за разлика од челичните или ѕиданите.Дрвото е природен и
еколошки материјал. Освен како градежен материјал дрвото со својата
структура , бојата и миризбата влијае на човечкото здравје и како такво
се смета за најздрав градежен материјал.Ѕидните панели се произведени од
еколошка ОЅВ плочакои се обложени со гипс-картон плочи. Како изолационен
материјал се употребуваат природна минерална волна и стиропор кој се
одлична природна, топлотна и звучна изолација. Електростатичките особини
на дрвото го спречуваат статичкиот електрицитет и струењето на прашината
во просторијата кое е многу корисно за луѓето кои што се склони на
алергија. Незаборавно е чуството на една ноќ преспиена во брвнара