
Hot-Hot Home Solution

За нас
Нашата компанија има 27 годишно искуство во градба на семејни ЕКО куќи и брвнари. Компанијата се наоѓа во Скопје, Р.Македониjа. Нашата компанија располага со стручен кадар од архитект, градежен инжинер, инжинер за внатрешен дизајн, за вршење на дејност проектирање и изведба на семејни куќи, спортски сали, индустриски објекти, угостителски објкти и згради до 3 спрата. Референтната листа на нашата компанија располага и со голем број на виско стручно обучени работници во оваа област.
Ниско енергетски објекти
Покрај еколошкиот момент главна карактеристика на овие објекти е нивната изолација. Неверојатен е фактот со колку малку енергија се греат и се ладат овие објекти. За објекти помали од 200 м2 економски е неисплатливо инсталирање на парно греење. Истите се затоплуваат со електрични панели кои трошат многу малку електрична енергија.Овој систем на градба придонесува за глобална заштеда на енергија. Вашите сметки за електрична енергија ќе бидат во најмала рака двојно помали во еден ваков нискоенергетски објект.
Живеење во еколошка средина
Сите материјали кои се употребуваат за изведба на еден ваков објект се природни и ЕКОлошки. Доколку мораме да работиме и престојуваме во простории кои се на разни начини загадени (работни простории, улици, возух и друго) дозволете си Вие и Вашето семејство живониот век да го минете во ЕКОлошки здрава средина.Од овие причини оваа карактеристика на куќите се наоѓа на 1-во место во свтски рамки.
Сеизмички најиздржливи објекти
Објектите изградени со овој тип на градба практично е невозможно да се срушат при сеизмички активности. Од таа страна живеењето во семејните ЕКО куќи е безбеден за вас и вашето семејство. Најголеми оштетувања што можат да с е јават при сеизмичка активност се пукнатини на гипс-картонот кој не влијаат на конструктивноста на објектот и веднаш можат да се санираат.