Екологија


TIP 130


TIP 160


TIP 178


TIP 345

HOT-HOT hot-hot HOT-HOT hot-hot HOT-HOT hot-hot HOT-HOT hot-hot HOT-HOT HOT-HOT hot-hot HOT-HOT hot-hot HOT-HOT hot-hot HOT-HOT hot-hot HOT-HOT-HOT hot-hot HOT-HOT hot-hot HOT-HOT hot-hot HOT-HOT hot-hot HOT-HOT-

TIP 80

TIP 105

TIP 116

TIP 120

  Во последните 20 години во Европа масовно се градат овој тип на куќи. Нашата компанија е пионир во градбата на овој систем на овие простори. Ниеден систем на градба во историјата за толку кратко време не успеал да ја замени постоечката градба како системот на семејни ЕКО куќи.
Семејните ЕКО куќи ги следат современиот начин на живот а тоа значи:
-живеење во ЕКОлошка средина;
Сите материјали кои се употребуваат за изведба на еден ваков објект се природни и ЕКОлошки. Доколку мораме да работиме и престојуваме во простории кои се на разни начини загадени (работни простории, улици, возух и друго) дозволете си Вие и Вашето семејство живониот век да го минете во ЕКОлошки здрава средина.Од овие причини оваа карактеристика на куќите се наоѓа на 1-во место во свтски рамки.
-ниско енергетски објекти;
Покрај ЕКОлошкиот момент главна карактеристика на овие објекти е нивната изолација. Неверојатен е фактот со колку малку енергија се греат и се ладат овие објекти. За објекти помали од 200 м2 економски е неисплатливо инсталирање на парно греење. Истите се затоплуваат со електрични панели кои трошат многу малку електрична енергија.Овој систем на градба придонесува за глобална заштеда на енергија. Вашите сметки за електрична енергија ќе бидат во најмала рака двојно помали во еден ваков нискоенергетски објект.
-сеизмички најиздржливи објекти;
Објектите изградени со овој тип на градба практично е невозможно да се срушат при сеизмички активности. Од таа страна живеењето во семејните ЕКО куќи е безбеден за вас и вашето семејство.
Најголеми оштетувања што можат да се јават при сеизмичка активност се пукнатини на гипс-картонот кој не влијаат на конструктивноста на објектот и веднаш можат да се санираат.
-брзина на градба;
Просечно времетраење на градбата на еден објект од приближно 100м2 е 30-40 дена на веќе изготвена бетонска подлога. Сразмерно на ова можете да си го определете времетрењето на градбата спрема вашата квадратура. Политиката на ХОТ-ХОТ е најмалку 1 ден пред истекот на договорениот рок да ви се предадат клучевите.
-Зошто ХОТ-ХОТ куќи?
Доколку се определите Ние да Ви го изградиме Вашиот дом , Наша обврска е да Ви помогнеме да го најдеме најубавото архитектонско решение по Ваш вкус. За тоа се грижи тим од високо стручно образовани лица (архитект, градежен инжинер и инжинер за внатрешен дизајн).Следниот чекор е да Ви изготвиме иден проект. Откако ќе се добијат дозволите за градење целокупната грижа за изградба на вашиот дом е на ХОТ-ХОТ. Единствената Ваша обврска се состои од одбирањето на нијансите и типовите на ламинатот, керамичките плочки, нијансите на ѕидовите. Ние Ви овозможуваме да старото правило “ако му мислиш лошо на некого натерај го да гради куќа”-не важи за Вас и градењето на Вашиот дом ќе Ви претставува едно кратко и убаво животно искуство.
“ Дозволете ни да ви го изградиме вашиот сон”
По предавањето на Вашите клучеви и вселувањето во домот од Вашите соништа,
нашата грижа за Вас не престанува .
Во наредните 2 години (гарантниот рок) за сите евентуални рекламации Ние веднаш ќе Ви излеземе во пресрет.